Соопштение на СВР Тетово 22 јануар 2024 година.
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (21 јануари) околу 16 часот и 25 минути на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово ги привеле Х.А.(39) и Е.Б.(41) од Тетово затоа што се однесувале агресивно кон нив додека преземале службени дејствија, при што кај Х.А. бил пронајден и одземен и нож. По целосно документирање на случајот против двајцата ќе следуваат соодветни поднесоци.
Вчера (21 јануари) од 8 до 20 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведени се засилени контролни активности за брзина со која се движат возилата. При контролата откриени и санкционирани се 20 возила, односно возачи (ТЕ-16 и ГВ-4) кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место, од кои 16 (ТЕ-12 и ГВ-4) за повеќе од 50 километри на час. Покрај ова, санкционирани се и 4 возачи (ТЕ) кои ја надминале пропишаната брзина во населено место, како и 21 друг вид сообраќаен прекршок (ТЕ-20 и ГВ-1).На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, кои, зависно од големината на пречекорувањето, се движат од 45 до 400 евра во денарска противвредност.
Изминатиот викенд (20/21 јануари) од 22 до 4 часот, на тетовско-гостиварското подрачје спроведена е акциска контрола на возачите кои ги управуваат возилата под дејство на алкохол, во која биле санкционирани 3 возачи (ТЕ-2 и ГВ-1), кај кои бил констатирано присуство на алкохол во организмот, односно крвта до 1 и пол промили. Тројцата возачи веднаш се исклучени од сообраќај и времено им се одземени возачките дозволи, а изготвени им се и поднесоци со парични глоби кои за овој вид прекршок се движат од 225 до 375 евра во денарска противвредност. При контролата, исто така, санкционирани се и 20 (ТЕ-16 и ГВ-4) други видови сообраќајни прекршоци.