Соопштение на СВР Тетово 11 ноември 2024 година
На 10.11.2024 во 17.30 часот во Полициското одделение Теарце, Е.А.(18) од с.Теарце пријавил дека околу 13.00 часот пред дворот од семејната куќа, неговиот татко М.А. и неговиот брат А.А. биле физички нападнати од неговите чичковци И.А. и Г.А. и братучедот А.А., на што тие им возвратиле, а тој со нивен сосед успеал да ги раздвои. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.