Соопштение на СВР Тетово 12 ноември 2024
На 11.11.2024 во СВР Тетово, 64 – годишен тетовец пријавил дека со прикривање на факти бил оштетен за сума од 30.000 евра од вработен во Агенција за катастар и недвижности Тетово и од адвокат од Тетово. Според пријавеното, вработениот во катастар од Основен суд подигнал судска пресуда од 2014 година, која била во негова полза и која ја чувале во канцеларијата на адвокатот. На тој начин, тој бил оштетен за половина од неговиот стан каде што живее. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.11.2024 во СВР Тетово, 53-годишник од тетовско село, вработен во фирма, пријавил дека бил измамен од едно лице од Италија за сума од 3.000 евра. Според пријавеното, тој преку интернет стапил во контакт со лицето и се договориле да купи од него работна машина багер за сума од 7.000 евра, од кои 3.000 му ги исплатил преку фактура. Како што е пријавнео, откако ги пуштил парите пратил негов познаник на наведената адреса во Италија, кој констатирал дека на местото немало ниту багери, ниту пак се продавало нешто слично и на тој начин сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.11.2024 во 12.40 часот во с.Долно Палчиште, општина Боговиње, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода И.С.(43) од с.Селце Кеч, општина Боговиње и во 17.30 часот на булевар „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Ш.(42), исто така, од с.Селце Кеч. Тие се сомничат дека извршиле повеќе тешки кражби на подрачјето на Гостивар и општина Врапчиште, каде што одзеле добиток и разни видови на работни и други машини. Тие биле задржани во Полициската станица Гостивар и кај нив биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, кои ќе им бидат вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 11.11.2024 во 18.20 часот во тетовско село, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Р.(54) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека во селото со метален предмет го нападнал неговиот 56 – годишен брат. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.