Соопштение на СВР Тетово 25 јули 2024
На 24.07.2024 во 23.50 часот во угостителски објект на регионален пат Тетово – Волковија, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Л.(33) од Тетово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 24.07.2024 во 23.50 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода О.Ф.(20) од Тетово, затоа што при негов и преглед во неговото патничкото возило „сеат ибица“ со тетовски регистарски ознаки, била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.
На 25.07.2024 во 01.10 часот во угостителски објект на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Н.Л.(37) од Тетово, кој бил баран со потерница по издадена судска наредба за издржување на затворска казна. Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 24.07.2024 во СВР Тетово, Е.М.(42) од Тетово пријавил дека околу 18.00 часот во угостителски објект во Тетово бил физички нападнат од Р.А.(43) од Тетово, по што и тој му возвратил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.07.2024 во 20.20 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.А. од Тетово, кој бил пријавен од неговата 57-годишна мајка дека агресивно се однесувал кон неа и ѝ се заканил. Тој е задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок.