Во рамки на активностите кои се организираат во чест на ослободувањето на Тетово 19 ноември и манифестацијата „Непокорот е слобода-80 години Слободно Тетово“ се одржа омаж во чест на композиторот Тодор Скаловски (Тетово 1909-Скопје 2004).
„Тетовчани за Скаловски“ е насловен омажот, а според диригентот проф. д-р Ивица Зориќ е поради огромниот придонес за македонската музичката култура како и за неговиот роден град Тетово.
„Сите години по ослободувањето Скаловски ги посветува на формирање на институциите од областа во културата во Македонија, бил прв директор на Операта, Сојуз на композитори и многу други установа. Се запознаваме со него во 1971 година, а по една година во Тетово се помогна да се возобнови хорот „Иљо Антески Смок“. Скаловски доаѓаше кога се формираше фестивалот Тетовски хорски одзиви (ТЕХО) кој почна да се одржува во 1973. Со Скаловски 33 години другарувавме и соработувавме, сè што напиша Скаловски хорски композиции, женските хорови ги имаат изведено. Така на хорските фестивалите низ 20 земји, секаде Скаловски бил застапен на нашиот репертоар. Ние не сме свесни која е големината на Тодор Скаловски, како композитор и човек. Умееше со сите луѓе да има човечки однос, а неговата големина е неговата скромност и умешноста знаењето да го пренесе на другите генерации, истакна Ивица Зориќ.
Денес над Македонија во изведба на женски младински хор „Менада“ со диригентот проф. д-р Ивица Зориќ.
Композициите „Молитва“ и „Залез“ на баритон Дејан Симовски и Ана Петровска пијано придружба.
„Шарпланинска приспивна“ – изведба на сопран Катица Мишеска и пијано придружба Душко Дембовски.
„Македонски триптих“ – Ана Петровска со пијано изведба.
„Тодорка млада робинка“ женски младински хор „Менада“ и диригент проф. д-р Ивица Зориќ
„Балада за Гоце“- женски младински хор „Менада“ и диригент проф. д-р Ивица Зориќ, со баритон Дејан Симовски и сопран Катица Мишеска.