Во ООУ „Коста Рацин”- Брвеница, денес под мотото „Црвено-бело за чекорење смело” беше одржан Велигденски базар, а собраните средства ќе се донираат за лекувањето на Андреј Сибиновски.
Од училиштето упатуваат благодарност на одзивот на родителите и сите посетители кои ја поддржаа оваа нивна иницијатива.
„Со реализација на базарот се потрудивме да ги зајакнеме основните вредности како хуманост,емпатија,солидарност кај учениците. Притоа со изработка на велигденските творби тие развиваа креативност, одговорност и соработка.Со базарот се создаде пријатна атмосфера во училиштето како подготовка за одбележување на еден од најголемите христијански празници Велигден. Голема пофалба за сите ученици кои со безрезервна љубов и голем труд се вложија за успешна реализација на настанот“, информираше одговорната наставничка Лина Тренкоска од ООУ „Коста Рацин“.
Посебна благодарност упатуваат до фирмите кои самостојно и доброволно се приклучија кон овој настан и го потпомогнаа.
„Се надеваме дека во иднина ќе имаме повеќе вакви настани со кои ќе направиме квалитативни промени во воспитно-образовниот процес и дека во иднина ќе ја подигнеме свеста на целата заедница за потребата да си помогнеме едни на други“, велат од училиштето.
Андреј Сибиновски е пет годишно дете од Милетино кое боледува од церебрална парализа.
Донирај за лекување на пет годишниот Андреј од тетовско Милетино