Уште помал интерес за давање предлози за имиња на улици на втората дебата
На денешната втора јавна дебата за давање предлози за имиња на улици имаше уште помал борј од минатиот пат. Предлози дојдоа само од пет луѓе кои предложуваат само имиња на Албанци од разни историски периоди, од Втората светска војна, припадници на ОНА во 2001.
Една жена достави список со 288 имиња за кои таа смета дека треба да им се дадат на улиците во Тетово, додека претставник на здружение кажа дека доставил список со 400 имиња на улици. Некои од предлозите се однесуваа и на личности кои се уште се живи.
Арџенд Велиу, претседателот на Работната група за утврдување на имињата на улиците соопшти дека од предлозите доставени во електронска и писмена верзија како и од тие од првата јавна дебата, до сега се пристигнати над 900 предлози кон кои ќе се додадат и денешните.
„На првата јавна дискусија одржана минатиот петок примени се 45 предлози. Со денешните предлози и тие што ќе се достават во наредните две јавни дебати, за сите ќе се дискутира поединечно. До сега комисијата има примено над 900 предлози за имиња на улици. Сепак има многу предлози кои се повторуваат, некои и по повеќе пати, па во наредниот период ќе направиме прочистување на списокот за да нема повторувања, изјави Велиу.
И на оваа дебата не беа присутни советниците од македонските партии.
ас