Синдикатот на вработените во АД Пошта во државна сопственост информира дека утре 18 март од почеток на работното време во време од два часа ќе има предупредувачки протест. Ќе се одржат пред пред објектите на АД Пошта во сите Подружници.
„Овој протест е израз на револт и незадоволството на вработените, членови на синдикатите, поради непочитување на законските рокови за редовна исплата на плата, како и непочитување на права и обврски согласно претходно остварените средби со менаџерскиот тим и формално усвоените заклучоци од тие состаноци, информираат од Синдикатот на Македонска Пошта