Соопштение на СВР Тетово
На 16.10.2024 околу 08.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово – с.Волковија, во с.Брвеница, тетовско, патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Б.Ф.(62) од с.Челопек, удрило во пешакот К.Ј.(68) од с.Брвеница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Ј., констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
На 16.10.2024 во 10.30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судска наредба, го привеле М.А.(35) од Тетово за издржување на мерка притвор за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.