Во четврток 21 декември 2023 ќе се одржи промоцијата на книгата „Наде и Нено учат за животните“, од авторката одделенскиот наставник-ментор Соња Трифуновска. Промоцијата ќе се одржи во Музејот на тетовскиот крај (Дом АРМ) со почеток во 19 часот.
Гости ќе бидат ученици од ООУ ” Гоце Делчев” кои ќе настапат со музички точки и драмска игра.
Авторката Трифуновска ги има издадено и образовните публикации Прирачник со практикум за примена на наставни техники во наставата по македонски јазик и „Петар учи за здрава храна“.