Во недела 20 Октомври во Центар за култура „Иљо Антески-Смок“ Тетово со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи есенско издание Детскиот фестивал „Јаболчиња“ со изведба на нови 16 песнички.
„Децата се наше богатство и наша иднина и преку културата се вложува во нивното оформување како личности. Песничките се напишани од текстописецот Слободанка Ничевска, виолинист при Македонската Опера и Балет, со аранжманите на композиторот и директор на фестивалот Никола Димовски-Т’мница. Никола и Слободанка се тим, кои со љубов творат за сите дечиња, велат организаторите на фестивалот.