Во текот на ноември годинава полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, на поширокото тетовско подрачје, во 22 акциски контроли и редовни активности вкупно откриле и законски санкционирале 1363 прекршоци или 472 помалку во споредба со истиот период лани.
Во контролните активности, реализирани во текот на минатиот месец, а поради констатирани прекршоци, односно недостатоци, од сообраќај билe исклучени 58 возила, од кои 38 поради истечена регистрација до и над 30 дена и 20 поради утврдена техничка неисправност.
Во ноември, исто така, од сообраќај биле исклучени и 228 возачи, од кои 134 управувале без возачка дозвола, 45 под дејство на алкохол, 29 возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања за оваа категорија возачи, 13 со важечка забрана за управување и 7 со несоодветна категорија.
Покрај тоа, во месецот за кој станува збор, времено биле одземени 3 возила за истечена регистрација повеќе од шест месеци и 1 поради бучавост, 66 возачки и 35 сообраќајна дозволи, додека тетовската „пајак-служба“ вкупно подигнала 159 погрешно, односно непрописно паркирани возила, најмногу во централното подрачје на Тетово, каде е и најголема вкупната сообраќајна динамика и фрекфренција на возила и пешаци.
Минатиот месец (ноември) вкупно биле изречени 378 мерки за неприлагодена брзина според условите на патот, за пребрзо возење, најчестиот прекршок и годинава во поширокиот Полошки регион, 32 мерки за непрописно престигнување и 47 за недавање предност на пешаците