Соопштение на СВР Тетово за евидентирани случаи на 19 октомври 2023 година.
Триесет и осумгодишната тетовка М.Ј вчеравечер (19 октомври) во 22 часот пријавила дека околу 11 часот во дворот на тетовско основно училиште во кое учел нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник од истото училиште. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер (19 октомври) во 20 часот и 10 минути во тетовско Џепчиште го лишиле од слобода 30-годишниот Б.М. од ова село, кој пред тоа бил пријавен од 37-годишниот Ф.И од Тетово дека околу 18 часот во близина на крстосницата на улиците „Илинденска“ и „Радован Цониќ“ во Тетово се однесувал агресивно кон него и му се заканувал. Б.М. е задржан во Полициската станица Тетово и против кого ќе следува соодветен поднесок.
Вчера (19 октомври) во 17 часот и 50 минути А.А.(35) и А.А.(30) од тетовско Џепчиште и З.И.(24) од тетовско Ларце во СВР Тетово пријавиле дека околу 13 часот и 30 минути на улица „Киро Ристевски-Дрнц“ во Тетово физички ги нападнал 28-годишниот Ф.И. од Тетово. Набргу, случајот целосно е расчистен и на Ф.И. изготвен му е соодветен поднесок.
Вчера (19 октомври) во 12 часот и 15 минути во Полициската станица Тетово задржан за натамошна постапка е 56-годишниот С.Б. од Република Турција, кој поради непријавен престој во нашата земја, пред тоа бил приведен во Полициската станица за граничен надзор Јажинце. Се расчистува и документира случајот.