Утре во Тетово по 20-ти јубилеен пат ќе се одржи меѓународниот карате турнир Тетово Опен 2023 во организација на карате клубот Фати. Турнирот ќе се одржува во спортската сала на средното стручно училиште „Никола Штејн“ во Тетово.
-Повикани се сите клубови во Македонија, Косово, Црна Гора, Србиjа, Албанија и Бугарија. Се очекува бројка од над 500 каратисти, што е доволен број и показател за 20 години пријателство со нивно постојано учество на карате турнир односно на „Тетово Опен“ манифестација со која славиме 20 години организација, изјави Арлинд Хусеини, претседател на КК Фати.
Турнирот ќе почне со натпревари од 10 часот, додека свеченото отворање ќе биде во 13 часот.