Соопштение на СВР Тетово 14 мај 2024
На 13.05.2024 во СВР Тетово бил извршен службен разговор со А.К.(37) од Тетово. Имено, на 09.05.2024 во 12.00 часот таа лажно пријавила дека околу 08.20 часот на паркинг простор од казиното, каде што работела, едно лице со закана и ги одзел парите од дневниот промет во казиното, а во текот на вчерашниот ден сама се пријавила во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава.
На 13.05.2024 во 22.20 часот на регионалниот пат Тетово-Скопје, во тетовско Желино, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишиле од слобода С.К.(24) од тетовски Порој затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.