Секторот за внатрешни работи Тетово продолжува со континуираните активности за справување со недозволената трговија со наркотични средства.
Во изминатите два месеци, јануари и февруари, на тетовско-гостиварското подрачје откриени и целосно расветлени се вкупно 17 кривични дела (ТЕ-10 и ГВ-7), во кои биле инволвирани 18 сторители (ТЕ-11 и ГВ-7).
Сите кривични дела се заокружени со кривични пријави за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, согласно член 215 од Кривичниот законик. Во овие кривични дела биле пронајдени и одземени над три килограми марихуана, кокаин, мешавина од марихуана и тутун и гранки од „канабис“.
Во двата месеци, изготвени се и 12 барања за поведување на прекршочна постапка против 15 сторители, најмногу за „уживање на опојни дроги“. Во овој период за инволвираност во вакви кривични дела или прекршоци вкупно биле лишени од слобода 38 лица (ТЕ-22 и ГВ-16).