Соопштение на СВР Тетово 27 јануари 2025 година
На 25.01.2025 во 20.30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.И.(65) од с.Копачин Дол, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Кај него бил пронајден и одземен скутер без регистарски таблички, кој потекнува од кривичното дело и кој бил вратен на сопственикот. А.И. бил задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветна пријава.
На 26.01.2025 во 23.30 часот во СВР Тетово, А.А.(36) од Тетово пријавил дека околу 21.10 часот на работното место во спортска обложувалница на улица ,,Илинденска“, две лица кои играле на ВЛТ апарати побарале да им бидат разменети 300 долари за кои подоцна било утврдено дека се фалсификат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.