На 28.03.2025 во 17.20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода О.А.(25) и М.А.(23), двајцата од с.Челопек, тетовско, постапувајќи по претходна пријава дека поради недоразбирање на сообраќајот му се заканувале на А.И.(35) од с.Слатино, тетовско. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.03.2025 во 15.05 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово – Гостивар настанал пожар во патничко возоило „бмв х5“ во движење, управувано од А.Џ. од с.Пирок, тетовско. Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од тетовската територијална противпожарна единица. Увид извршила екипа од ОВР Гостивар.
Соопштение на СВР Тетово 29 март