Полициски службеници на СВР Тетово вчера (12 јануари) од 10 до 14 часот спроведоа акциска контрола на возачите – дали и колку тие ги почитуваат нивните обврски кон пешаците како учесници во сообраќајот.
При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 22 прекршоци (ТЕ-19 и ГВ-3).Најголемиот број од прекршоците (18) се однесувале на непропуштање на пешаците на обележани премини.На возачите-прекршители изготвени им се предвидените поднесоци со парични глоби од 200 и 250 евра во денарска противвредност.
Оние кои се санкционирани со глоба од 250 евра ќе се соочат и со времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.При контролата, исто така, санкционирани се и 17 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-4 и ГВ-13).
Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со совет и укажување до возачите – секогаш да им даваат предност на пешаците и пред се ако се движат на оние патишта и улици на кои нема обликувани тротоари. До пешаците, пак, се апелира да не ги преминуваат улиците каде ќе стигнат и прописно и безбедно да се движат во сообраќаjот.