Соопштение на СВР Тетово
На 17.10.2024 во 11:30 часот во СВР Тетово бил повикан Ј.В.(43) од с. Требош, за кого постои основано сомневање дека извршил кривично дело ,,загрозување на сигурност“ пријавено околу 10:30 часот во СВР Тетово од градоначалникот на Општина Тетово Б.К.(49) од Тетово, кој пријавил дека претходниот ден околу 23:40 часот на неговиот мобилен телефон добил порака со заканувачка содржина. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.