Жителите на Тетово останаа без соодветна информација дека во градот вчера гостуваше најпознатиот национален ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“. Локалните медиуми и новинари не беа известени и затоа немаше најава за настанот. Малкумината посетители на социјалните мрежи споделија информација дека се одива настапот со малку публика и декасе информирале случајно кога виделе информативен постер залепен на Центарот за култура „Иљо Антески Смок“.
Од Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ кратко соопштија дека биле презафатени за да ги информираат новинарите.
Ансамблот „Танец“ гостувал по повод големиот јубилеј – 70 години од своето постоење. Од таму информираа дека настапиле со со целиот ансамбл составен од играорниот кор и вокално-инструменталниот состав.