Тетовската полиција и во утринските часови санкционираше пребрзо возење на улиците и патиштата во регионот. Во периодот од 07 до 11 часот е спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 34 возачи, од кои 21 на територија на Тетово, а 13 на територија на Гостивар.
-Од вкупниот број казнети, 23 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а двајца за дури над 70 километри на час над дозволената. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.