Од кризниот штаб на Општина Тетово кој заседаваше по подолг период соопштија дека се евидентирани и првите заболени од Ковид-19 во училиштата. Повеќето се наставници во основните училишта.
-Во основните училишта имаме 7 наставници кои имаат позитивен тест на Ковид-19, еден административен работник и 3 ученици. Во средните училишта каде се одвива учење од далечина, 3 наставници се позитивни. Во моментов во општина Тетово со физичко присуство наставата ја следат вкупно 3.500 ученици од прво до трето одделение. Исто така, беа поделени маски и средства за дезинфекција на сите ученици од основните училишта, кои посетуваат настава со физичко присуство, информираа од Кризниот штаб.
Во градинките на јавната установа „Младост“во Тетово, двајца вработени биле позитивни, а група од 7 деца се во домашна изолација.
Според кризниот штаб има вкупно 225 активно болни во тетовскиот регион. Од нови случаи во изминатото деноноќие има тројца позитивни, сите од Тетово. Кризниот штаб одржа средба прв пат од 5 август.
А.С