По повод Крстовден (Воздвижение на Чесниот Крст) денес во храмот Свети Атанасиј во Лешочкиот манастирски комплекс митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф богослужеше света литургија, а потоа благоволи и го ракоположи најпрво во чин ипоѓакон, а потоа во чин ѓакон завршениот ученик-богослов Илија Сламков.
Ѓаконот Илија Сламков е студент на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
Претходно согласно типикот на крајот од утрената од олтарот беше изнесен светиот Крст и беше воздигнат и на верниците им се даде можност да се поклонат на светиот Крст во храмот, информираа од епархијата.