Во гинеколошкото одделение на тетовската клиничка болница во новата 2020 година Саиде Касами го роди првото женско бебе.
Нормалното породување е извршено во денес 8 часот, од екипа предводена од докторката Ѓузвете Таири.
Бебето е прво дете на Садие, ќе се вика Мелек, а родена е со 3 килограми и 50 сантиметри.
Мајката и бебето попладнево ги посети тетовската градоначалничка Теута Арифи.
-Особено задоволство ми е да годината да ја започнеме во гинеколошкото одделение. Имаме чест да на првото бебе Мелек му посакаме среќен и долг живот заедно со родителите, рече Теута Арифи.
Родилката Саиде Касами од општина Тетово ќе добие 40 илјади денари.
А.С