Во трите уписни рокови во средните училишта во Тетово се запишани 1.315 ученици, од кои 993 на албански наставен јазик, 297 на македонски и 25 на турски. Најголем интерес имало за средното медицинско училиште од шесте средни училишта во рамки на општина Тетово, информира Ахмед Ќазими, раководител на секторот за јавни дејности.
-Бидејќи основно училиште завршиле 2130 ученици,се бележи бројка од 815 основци кои не се запишале во тетовските средни училишта. Дел од нив се во други државни училишта, верски или приавтни. За оние кои останале без упис сега апелираме да донесат документи во училиштата каде ги исполнуваат критериумите по што од Министерството за образование ќе побараме правно мислење како да бидат систематизирани бидејќи е задолжително средното образование, изјави Ќазими.
Во медицинското училиште има 342 запишани ученици на албански наставен јазик 97 на македонски и 25 на турски. 72 ученици на македонски наставен јазик и 53 на албански се запишале во економското училиште.
Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ ќе има 230 нови средношколци на албански наставен јазик и 39 на македонски, додека во гимназијата „7-ми март“ 70 само во паралелки на албсни наставен јазик.
Во средното стручно училиште „Моша Пијаде“ запишани се 153 првокласници на албански и 92 на македонски јазик, додека во стручното училиште „Ѓоце Стојчевски“ се запишани 150 само на албански јазик.