Водоснабдителните системи во тетовскиот регион покажуваат потреба од воведување на постојана дезинфекција на водата за пиење како и одржување на извориштата, каптажите, системите за складирање и дистрибуирање до потрошувачите. Ова е заклучокот од неделниве испитувања на водата за пиење во тетовските села кои ги изврши Центарот за јавно здравје во Тетово.
-Една таква ситуација имаме во тетовските села Фалише и Сараќино со микробиолошка неисправноста на водата за пиење, иако минимална но не одговаараат на прописите за безбедна вода за пиење и затоа е потребно постојано хигиено техничко одржување и континуирана дезинфекција, изјави д-р Ратко Давидовски специјалист по хигиена и здравствена екологија од Центарот за јавно здравје Тетово
Неделава поради голем број поплаки за појава на дијареја и повраќање на граѓаните во Брвеница и Долно Седларце беше препорачано водата да не се пие, но анализите покажаа дека е во ред. Според д-р Давидовски анализите во сите села покажуваат потреба од користење повеќе хлор со цел одржување на повисока хигиена на водата за пиење.
– Во Брвеница на основа на резултатите од извршените испитувања и стручната анализа испитанот примерок во за пиење одговара согласно прописите за безбедноста на водата за пиење. Напомена е нивото на резидуален хлор треба да изнесува 0,2-0,3 мг/л, кое сега изнесува 0,1 мг/л, вели Д-р Ратко Давидовски, специјалист по хигиена и здравствена екологија од Центарот за јавно здравје Тетово.
Од единствената ординација во Брвеница информираат дека во вторникот и средата имало дури 60-тина пациенти кои се пожалиле на нагли стомачни болки, дијареја и повраќања. Сепак вчера и денес бројката на пациенти кои побарале преглед значително е намалена. Дел од нив добиле инфузии, а некои и таблетарна терапија.
-Се стабилизира состојбата,но сепак не може да се каже прецизно дали стануваше збор за стомачен вирус во летни периоди или од водата за пиење. Од недела до вторник беше многу жешко, можно е да имало и таков вирус поради високите температури, изјави д-р Лилјана Смилевска.
Од Центрот за јавно здравје информираат дека водата за пиење во Брвеница неделава се проверува секој ден.
A.C