СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.С.(32) од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злоупотреба на лични податоци“, информира МВР.
Пријавениот, вработен во Македонска пошта – подружница ЦРПС Тетово, Долно Палчиште, тетовско, ја злоупотребил службената положба и овластување така што во временскиот период од јануари 2020 до 28.04.2020 извршил неовластено присвојување на парични средства во негова корист од трансакциска сметка на клиентот Л.Ј., примател на пензија, се наведува во соопштението на МВР.
-Имено, пријавениот секојдневно реализирал исплата и уплата од трансакциска сметка, со цел да го покрие недостатокот во благајната, со тоа што извршил злоупотреба на трансакциска сметка сопственост на оштетената и го извршил и кривичното дело „злоупотреба на лични податоци’’, потенцираат од полицијата.
При извршената контрола од страна на инспектори при АД Пошта на Република Северна Македонија било констатирано дека пријавениот имал недостаток во благајната од 83.822 денари, а за извршените исплати и уплати не испраќал никаков документ и во неколку наврати ги потпишувал сам или воопшто не ги потпишувал, се наведува во соопштението.