Самостојната изложба насловена „Класик 2“ од академискиот сликар Гезим Аземи од Тетово од вчера е отворена за јавноста. Делата се изложени во фоајето на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово.
-Оваа изложба е добра прилика одблиску да се погледнат портретите на старите класични виртуози, со надеж дека оваа соработка со сликарот ќе продолжи и во идните години. На изложбата се претставени портрети на класични музичари, информираат од Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“.
Гезим Аземи е роден 1984 година во Тетово, каде и се школувал. Дипломирал на Факултетот за уметности при Универзитетот во Тетово, насока сликарство. Учествувал и на многу колективни изложби и ликовни колонии.