Четири повредени и еден смртен случај на работници на нивните работи места во 2019 година во тетовскиот регион бележи Македонско здружение за заштита при работа во нивниот Годишен извештај за 2019-смртни случаи, повреди и несреќи при работа.
Во Македонија во 2019 година имало вкупно 178 несреќи при работа од кои 25 завршиле со смртни случаи, додека 153 со повреди.
Во 2019 година најмногу несреќи има во дејноста „градежништво” по што следи „ дејности на домаќинствата како работодавачи.
При оваа анализа утврдено е дека најмногу смртни случаи имало во сабота.
Најпогодена старосна група се луѓето од 45 до 54 години, додека најмногу од несреќите се случиле во октомври и во јуни.
Најпогодени по градови се Скопје (48) Куманово (20) и Гостивар (19).
Во споредба со 2018 година има повеќе повреди бидејќи лани се евидентирани 124 повреди. Кај смртните случаи има намалување-во 2018 година имало 33 смртни случаи.
Денес се одбележува Светски ден на безбедност и здравје при работа под мотото – Да ја запреме пандемијата: Безбедноста и здравјето при работа можат да спасат животи.