Две лица на возраст од 36 и 74 години се евидентирани како починати во тетовскиот регион поради Ковид-19 во изминатото деноноќие, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, информира Министерството за здравство.
Во последните 24 часа од 62 нови случаи во Македонија во Тетово нема ниту еден нов заболен.
Како оздравени се шест лица од тетовското подрачје. Тетово брои вкупно 7122 заболени од кои активно болни се 531 лице.