Во Тетово ноќеска две лица се повредени на свадба поради пукање од огнено оружје. Според информациите на Алсат М- ТВ, Едниот од повредените е син на пратеникот од ДУИ, Џеват Адеми.
Според првичните информации еден од повредените е потешко ранет и однесен на клиниките во Скопје, додека вториот е вон животна опасност и задржан на лекување во тетовската клиничка болница.
За случајот е известена е и полицијата, а е извршен и увид на местото каде била свадбата и каде се случил инцидентот.