Министерство за здравство информираше дека од 33 нови случаи на Ковид-19 две лица се од тетовскиот регион, со што се бележат вкупно 95 луѓе со оваа болест. Институтот за јавно здравје, денеска, регистрира 22 оздравени пациенти од кои еден од тетовскиот регион.
Низ Македонија се бележи еден нов смртен случај, заразени вкупно 572, бројката на оздравени пациенти е 1079, вкупно починати 89 и 4040 активни случаи. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 54 позитивни и суспектни на ковид-19.
Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот (06/7.05), по однос на забраната за движење, евидентирано е дека на ова подрачје 4 лицa не ја почитувалe забраната за движење, лишени се од слобода и ќе следуваат соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ (член 206 од Кривичниот законик).
Исто така, според статистичките податоци на СВР Тетово, во изминатото деноноќие на 10 лица изготвени им се решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, додека изјави за самоизолација потпишало едно лице.
Во овој период контролирани се 119 лица со решeнија и 30 лица со потпишани изјави за самоизолација. Писмено предупредени за неносење на заштни маски биле 5 лица