Во пресрет на 19 годишнината од загинувањето на осумте припадници на безбедносните сили во 2001 година патот Селце-Вејце, Одборот на бранители на Македонија денеска преку соопштение до јавноста им оддаде почит со оглед дека поради состојбата со коронавирусот не може да се оддржи одбележувањето на годишнината.
– Се навршуваат деветнаесет години откако во предвечерието на 28 април 2001 година, кај месноста Брeзовица, на патот с.Селце- с.Вејце на падините на Шар Планина во заседа беа убиени, а потоа масакрирани 8 припадници на специјалните единици „Тигри“ и на Волци“. Во неможност да го посетиме местото на настанот на овој ден, да положиме свежо цвеќе и се поклониме од познати причини, сакаме на овој начин да им изразиме почит на нашите херои кои ги дадоа своите млади животи за наше подобро утре. Обврската на бранителите и сите граѓани кои го сакаат ова мало парче земја секогаш си стои, а таа е да се почитуваат сите кои го положиле својот живот за неа. Споменот на оние кои се вградија во темелите на Татковината, и кои покажаа како се сака истата нема да избледи, никогаш, се вели во соопштението на Одборот на бранители на Македонија.
На 28 април 2001 кај месноста Брезовица на патот с.Селце – с.Вејце на падините на Шар Планина, загинаа Марјан Божиновски(27), Кире Костадиновски (24), Бошко Најдовски (25), Илчо Стојановски (24) Роберт Петковски(27) Бобан Трајковск (28)Игор Костески (26) и Миле Јанески (30).
А.С