Во текот на вчерашниот ден тетовската полиција бележи две пријави за напад и каснување од бездомни кучиња.
-Осумдесет и двегодишниот Ц.А. од Тетово вчера (31 март) во СВР Тетово пријавил дека во близина на крстосница на улиците „Маршал Тито“ и „Благоја Тоска“ бил каснат од куче скитник. Вчера во 17 часот и 20 минути, Б.И.(44) од тетовско Раотинце во СВР Тетово пријавил дека на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник, информираат од СВР Тетово.