Граничниот премин Јажинце и втор ден бележи драстично зголемување на фреквенцијата на патници кои излегуваат од државата или влегуваат од Косово и покрај високите бројки на заболени од Ковид-19. Во текот изминатите 24 часа од вчерашниот ден, кога беше овозможено излез и влез без ПЦР-тест, вкупно 3065 лица ја поминале границата.
Во текот на вчерашниот ден 12 октомври вкупно 741 македонски државјани влегле на територија на Република Северна Македонија, а 1434 изглегле преку ГП Јажинце. Во државата влегле и 554 странски државјани, додека излегле 336 лица со различни пасоши. Во текот на денешниот ден 13 октмври с до 12 часот на македонска територија влегле 86 македонски државјани, додека излегле 387 лица. Од странци влегле 400 додека излегле 94 лица, информира Жарко Трпевски, командир на граничен премин Јажинце.
Полициска станица за гранички проверки Јажинце пред укинување на задолжителниот ПЦР-тест бележеше само по 20-тина луѓе дневно кои ја преминуваат границата со Косово.
А.С