Месната заедница од село Луковица повторно алармира дека десетина дена нивните жителите се соочуваат со непрооден пат кој не е исчистен од снег од страна на нивната општина Желино. Станува збор за снежни врнежи кои се од 2 и 7 февруари, а според мештаните на создадена е покривка која на одредени места поради навеви достигнува и до еден метар.
-Патот не е продооден. Денес разговарав со директорот на ЈКП Желино кажа дека ќе биде. Ќе го очистат. Извршив контакт со градоначалникот кој кажа дека не знае ништо, ќе разговарал и ќе прател возило. Сакам да кажем дека највише не иритира локалниот пат од Групчин до Седларево, два пати е чистен, а нашиот дел не е очистен, изјави Миле Сибиновски од месната заедница.
Моментално има 45 луѓе кои што живеат таму. Единствено Борче Милошевски има теренско возило со кое едвај може да се помине низ патот со снег.
-Може да се помине само со тоа теренско возило кое на на сите четири тркала треба да има ланци. Иначе нема шанси. А нема да може и тоа возило ако стигне еден метар снег. До сега не сме имале никаков проблем. Овој проблем настана во овие две три недели. Зашто е настанат, појма немамо. Дали има нешто има некој друг проблем. Во врска со локални избори, што не сме му дале гласови на градоначалникот не знам што да кажам. Тоа може да е. рече Сибиновски на средба со новинарите во Тетово.
Ацо Спасеновски од црковниот одбор вели има стари луѓе што не можат да дојдат до најблиската медицинска установа за да земат лекарства. Мештаните бараат да се исчисти пат од месноста Крстец до Луковица во должина од 5,5 километри.
-Моментално што имаме залиха тоа трошиме. Многу се кратки залихите, така да ќе мораме. Не знам како ќе се снајдеме. Ќе видимо. Само Господ ако ни даде да не врне снег више, изјави Борче Милошевски, постојан жител на селото.
ОД Општина Желино во текот на денот на добивме одговор за состојбата со отстранување на снегот. Луковица е меѓу ретките села во државата до кое нема асфалтиран пат.
ас