Илија Димитриевски е именуван за претседател на општинската организација на СДСМ Тетово. Тој досега беше секретар на организацијата, а именуван е со одлука на партискиот претседател Зоран Заев.
-Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е политичка опција која и мисли добро на државата и на сите нејзини граѓани, чија цел е државата да успее, а граѓаните да живеат слободно и во благосостојба.Во тоа име ги повикувам сите добронамерници од Тетово да се приклучат на СДСМ, да го покажат својот активизам на дело, за заедно да направиме промени кон подобро.Заедно да изградиме општинска организација во која секој може да искаже мислење без да биде за тоа прекорен, во која различното мислење е почитувано и земано предвид, иако може лесно да се надгласа. Општинска во која сработеното, а не лојалноста, е критериум за напредување, во која никогаш не се оспорува и негира заслуженото на било кој активист, истакнува Димитриевски на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.
Илија Димитриевски е дипломиран правник и има 35 години. Раководител на регионалната канцеларија на Централниот регистар во Тетово.