На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово вчера 28 јули спроведена е акциска контрола за возачи кои управуваат под дејство на алкохол.
При контролата, кај 11 од нив било утврдено дека ги управуваат возилата под дејство на алкохол, во Тетово 9 случаи и во Гостоивар 2 поради што веднаш се исклучени од сообраќај. Во контролата, откриени и законски санкционирани се и 15 други видови сообраќајни прекршоци.
Исто така, на ова подрачје спроведена е и засилена контрола за брзина со која се движат возилата во и надвор од населено место.
Во Тетово биле констатирани 24 пречекорувања на дозволената брзина, а во Гостивар 11 вакви прекршоци. И овие прекршоци заокружени се со соодветни поднесоци.