Тетовскиот регион бележи 26 нови болни или вкупно 406 активно болни луѓе. Оздравени се 13 лица. Вкупно досега дијагностицирани се 1923 луѓе.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1901 тестирања, а регистрирани се 561 нови случаи. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 197 оздравени пациенти.
Починати се 22 лица, 7 пациенти од Скопје (55, 78, 71, 35, 66, 71 и 64г), еден од Куманово (57г), двајца пациенти од Дебар (58 и 64г), еден од Прилеп (61г), еден од Струга (75г), двајца пациенти од Велес (61 и 64г ), двајца од Битола (74 и 70г), двајца од Гостивар (79 и 76г), двајца пациенти од Крива Паланка (56 и 88г), еден од Кочани (60г) и еден пациент од Делчево (81г). Од починатите, двајца пациенти се починати вон, останатите во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 26954, бројката на оздравени пациенти е 18627, на починати е 919, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7408.