Во последните 24 часа се направени 1032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на Ковид-19 од кои во тетовскиот регион се 8 нови случаи, соопшти Министерството за здравство.
Вкупно починати се 7 лица, од кои еден од Тетово, првиот лекар кој почина поради Ковид-19, д-р Арификмет Деари на 64 години од Тетово, началник на Уролошкото одделение во тетовската клиничка болница.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени лица но нема од тетовско.