Министерството за здравство информира дека во поширокото тетовско подрачје се евидентирани 8 нови случаи на заболени со Ковид-19. Воедно има и 4 излечени лица. Сега тетовскиот регион бележи вкупно 281 случај од кои 119 се активни болни.
Од Центарот за јавно здравје Тетово потенцираат бројот по општини- Тетово 4, Јегуновце 2, Брвеница 1 и Боговиње 1 случај.
Низ Македонија има 111 нови случаи, вкупно шест оздравени како и две починати лица, пациентка од Струга на возраст од 53 години и пациент од Прилеп на возраст од 80 години. Вкупната заболени 3025, вкупно оздравени пациенти е 1646, починати е 153, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1226.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 30 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
А.С