Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека во ГОБ ,,8 Септември” во Скопје на 64 годишна возраст, почина д-р Арификмет Деари, уролог од Тетово.
-Доктор Деари беше хоспитализиран заради невролошки проблеми, но и позитивен на Ковид-19. По 15 дена болничко лекување ја загуби битката со болеста. Тој беше само на неколку месеци до пензионирањето, е првиот лекар кој почина од компликации на корона вирусот. Изразувам жалење и длабоко сочуство до неговото семејство. Апелирам до моите колеги здравствените работници да се чуваат и заштитуваат, на работното место соодветно на протоклите, но и надвор од него. Апелирам и до граѓаните да ги почитуваат мерките, да се заштитат себеси, здравствените работници и сите свои сограѓани, истакна Венко Филипче.