Од оваа недела во Тетово се отворени просториите на Општинскиот комитет на Единствена Македонија во Тетово, а за претседател на Општинскиот комитет Тетово е избран Љупчо Столевски.
На настанот присуствуваа претседателот на партијата Јанко Бачев и генералниот секретар Ацо Николовски. Имено, со тоа се спроведува одлуката на Извршниот комитет на Единствена Македонија за генерален реизбор во 42 општински комитети на партијата.
Единствена Македонија е најсилната трета партија која може да го сруши двопартизмот на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Затоа, продолжуваме да бидеме отворени за секој со желба за политички активизам и борба, посебно сега кога Македонија преживува најтешки моменти од кога било досега, соопштуваат од партијата.