Еден учебник да користат двајца ученици кои се соседи или живеат блиску. Вакво решение им било понудено на ученици од основното училиште Братство Миѓени во Тетово поради недостиг на книги, информираат нивните родители.
-Недостигот на книги се повторува оваа состојба веќе неколку години. На дел од децата книгите им се нови, тие по математика и природни науки. Учебниците по македонски, општество, физичко, музичко и техничко образование, се стари. И во овој случај има пример каде има по еден учебник да користат двајца ученици, објаснуваат родителите.
Во општинскиот сектор за јавни дејности објаснуваат дека разни учебници недостигаат во повеќе училишта и на различни наставни јазици но дека проблемот е од технички карактер.
-Секоја година имаме проблем со учебниците односно со доцнење на нивната достава. Идеално сите учебници треба да бидат донесени до училиштата до 31 август но не е така. Ние навремено сме ги се известиле во Педагошки завод од каде училиштата добиваат учебници. Доставени им се информации кои учебници недостасуваат, но сепак сознанијата се дека се уште фалат и се очекуваат да пристигнат во секој момент, изјави Ахмед Ќазими, раководител на секторот.
Според проценките на надлжените до крајот на септември сите ученици ќе ги имаат потребните учебници.