Во тетовскиот регион повторно, односно втор ден по ред се бележат 6 нови случаи на заболени од Ковид-19. Сега вкупната бројка на заболени е 137 од кои 74 се активни. И вчера имаше шест лица кај кои бил дијагностициран Ковид-19.
Тетовскиот регион со тоа веднаш после Скопје брои најмногу активни случаи на заболени. Во Скопје од 601 случај-активни се 134. Во Куманово од 414 активни се 44.
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје-8, Прилеп-2, Струга-2, Велес-2, Гостивар-1 и Кратово-1.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (79г), хоспитализирана како сомнителна на ковид-19 на 13 мај, а потврдена позитивна на 15 мај.
Во изминатите 24 часа направени се 462 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-9, Куманово-1, Прилеп-4, Тетово-6, Велес-1 и Охрид-1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1762, бројката на оздравени пациенти е 1267, на починати е 98, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397.