Полициски службеници на СВР Тетово вчера (28 февруари) од 6 до 9 часот, спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, пред се автобуси и такси комбиња. При контролата откриени и санкционирани биле вкупно 2 прекршоци (ТЕ). Едно возило имало неисправни сопирачки, а второто неисправни светлосно-сигнални уреди, по што двете биле исклучени од сообраќај, а на прекршителите изготвени им се соодветни поднесоци. Во контролата, исто така, со законски предвидените поднесоци санкционирани се и 4 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-3 и ГВ-1).
Вчера (28 февруари) на подрачјето на СВР Тетово од 14 до 18 часот, исто така, спроведена е и засилена контрола за прекршоци што ги чинат пешаците, во рамките на која вкупно санкционирани се 19 прекршоци (ТЕ-9 и ГВ-10). Најголемиот број од прекршоците (13) се однесувале на преминување на улиците надвор од обележани пешачки премини (ТЕ-3 и ГВ-10). На прекршителите им се изготвени поднесоци, а санкционирани биле и 6 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-5 и ГВ-1).
Вчера во Тетово биле санкционирани и подигнати од „пајак-службата“ и 13 непрописно, односно погрешно паркирани возила, 6 лица кои ги управувале возилата без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа и 2 возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања предвидени за оваа категорија на возачи.