Вчера (24 март) во 18 часот и 45 минути, 21-годишна тетовка во СВР Тетово пријавила дека А.К.(33) од тетовски Требош, со кого се познавала и претходно била во љубовна врска, со закани по животот ѝ барал поголема сума парични средства. Човекот од Требош подоцна е лишен е од слобода и задржан во Полициската станица Тетово. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информира денес СВР Тетово.
Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 28-годишниот тетовец Б.Ш., поради сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“. Лицето е уапсено вчера (24 март) околу 11 часот и 55 минути, на улица „Благоја Тоска“ во Тетово. Сега се расчистува и документира случајот по што ќе следува поднесок, соопшти СВР Тетово.
Во денешното соопштение на тетовската полиција и пријава за физички напад. Вчера (24 март) во 11 часот и 20 минути, А.Ф.(23) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека околу 11 часот, додека со такси-возило превезувал патници во кругот на тетовската клиничка болница, бил физички нападнат од две лица.
А.С