СВР Тетово информира дека полицајци вчера (26 март) во 20 часот и 45 минути го лишиле од слобода 41-годишник од Тетово., кој петнаесетина минути пред тоа бил пријавен од неговата 64-годишна мајка, дека физички ги нападнал неа, сопругата и нивното дете.Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот, по што ќе му биде изготвен поднесок.