На 30.05.2021 околу 19.20 часот во Полициската станица Тетово бил задржан С.З.(44) од с.Шемшoво, тетовско, затоа што околу 15.45 во угостителски објект во Тетово со пиштол му се заканил на А.Љ.(56) од с.Мала Речица, тетовско. Според пријавеното, тие се сретнале во угостителскиот објект каде што С.З. изјавил дека нема да го врати долгот, по што со пиштол упатил закани кон А.Љ.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира денес СВР Тетово.